Мерки на претпазливост, Пред користењето на машината, Мерки на безбедност – Samsung R1245A Benutzerhandbuch

Seite 134

Advertising
background image

2 SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта

Мерки на претпазливост

Ви честитаме за купувањето на Самсунг машината за перење алишта. Ова Упутство за употреба содржи
корисни информации за поставувањето, користењето и одржувањето на машината за перење алишта. Обавезно
прочитајте го упатството за да се запознаете со сите карактеристики на машината и да ја користите на
најдобриот можен начин уште многу години.

Пред користењето на машината

Транспортната амбалажа може да биде опасна за децата; целата амбалажа (пластичната фолија,
стиропорот итн.) чувајте ја на места недостапни за деца.

Машината за перење алишта е предвидена исклучиво за употреба во домаќинствата.

Приклучувањето на машината кон електричната мрежа и доводот на вода мора да се изврши од стручни
лица според упатствата на производителот (види „Поставување на машината за перење алишта“) и
локалните прописи за безбедност.

Сите заштитни шрафови користени при транспортот на машината мора да се отстранат пред првата
употреба на машината. Доколку не ги отстраните, може да дојде до сериозни оштетувања. Погледнете го
делот „Отстранување на заштитните шрафови користени при транспортот“.

Пред првото перење алишта, вклучете ја машината празна и оставете ја да помине низ целиот циклус на
перење. Погледнете го делот „Прво перење“.

Мерки на безбедност

Пред да започнете со чистење или поправка на машината за перење алишта, исклучете ја со притисок врз
копчето за вклучување/исклучување.

Обавезно испразнете ги сите џебови на алиштата за перење. Тврдите и острите предмети, како што се
метални пари, игли, брутови, шрафови и каменчиња можат сериозно да ја оштетат машината.

По употребата, машината секогаш исклучете ја од изворот на електрично напојување и затворете го
доводот на вода.

Пред отворањето на вратата на машината, проверете дали од неа истекла целата вода. Доколку има уште
вода во машината, не отворајте ја вратата.

Куќните животни и децата можат да влезат во машината. Проверете го тоа пред употребата на машината.

За време на перењето стаклото на вратата на машината многу се загрева. Не дозволувајте им на децата да
се приближуваат до машината додека таа работи.

Машината не ја поправајте сами. Нестручното лице кое ја поправа машината може да се повреди или да
предизвика уште поголем дефект.

Доколку приклучокот (приклучниот кабел) е оштетен, мора да го замени производителот или овластен
сервисер или некое друго стручно лице, со цел да се избегне опасност.

Сервисирањето на машината за перење алишта може да се извршува само во овластен сервисен центар и
треба да се користат само оригинални резервни делови.

Овој уред не е наменет за употреба од страна на мали деца или немоќни луѓе, освен ако не се соодветно
надгледувани од одговорно лице кое ќе овозможи тие да го користат уредот безбедно. Малите деца треба
да бидат надгледувани за да се обезбеди тие да не си играат со уредот.

Овој уред треба да биде поврзан на приклучок издржлив на соодветната потрошувачка на енергија.

Овој уред треба да биде поставен така што приклучокот ќе биде пристапен и после инсталацијата.

Немојте да употребувате преработена вода која содржи масло, крема или лосион, која најчесто се наоѓа во
продавниците за козметика или клиниките за масажа.
- Ова во спротивно ќе предизвика деформирање на пакувањето, што предизвикува неправилно

функционирање или протекување на вода.

Не`рѓосувачките тушеви најчесто не `рѓосуваат. Сепак, ако некој метал, како што е шнола за коса, е
оставен во цевката подолго време, цевката може да `рѓоса.
- Не оставајте во цевката на подолго време вода или средство за белење кое содржи хлор.
- Немојте редовно да користите или да оставате во цевката на подолго време, вода која содржи железо.

- Ако започне да се појавува `рѓа на површината на цевката, нанесете средство за чистење (неутрално) на

површината и користете сунѓер или мека крпа да го исчистите.
(Во никој случај немојте да употребувате метална четка)

Оваа ознака прикажана на производот или во неговата документација покажува дека тој не треба
да се фрла со преостанатиот отпад од домаќинствата, кога веќе нема да биде употреблив. За да се
избегне можното нарушување на животната средина или на човековото здравје, како резултат на
неконтролираното отстранување на отпадот, ве молиме да го одделите од другите видови отпад
и совесно да го рециклирате, за да промовирате одржлива повторна употреба на материјалните
ресурси.

Корисниците во домаќинствата треба да се обратат до дистрибутерите кај кои го купиле производот или
до локалите власти, за да ги дознаат деталите за тоа каде и како можат да го однесат производот заради
рециклирање коешто е безбедно за животната средина.
Деловните корисници треба да се обратат до нивните набавувачи и да ги проверат условите од договорот за
купопродажба. При отстранувањето, овој производ не треба да се меша со другиот комерцијален отпад.

• СОЧУВАЈТЕ ГО ОВА УПАТСТВО

B1445A-02158F-MAC-0804.indd 2

B1445A-02158F-MAC-0804.indd 2

2005-08-04 ¿АИД 3:01:07

2005-08-04 ¿АИД 3:01:07

Advertising
Dieses Handbuch ist für die folgenden Produkte bezogen werden: